Фестивали

Објавени резулатите од тестирањето на евровизискиот победник

Организаторите на Евровизија доцна попладнево ги објавија резулатите од тестирањето на присуство на дрога кај Damiano David. Имено кратко пред прогласување на победникот, камерите го снимија пејачот во сомнителна положба, која наликува на консумирање дрога. Организаторите вчера појаснија дека  на нивната маса имало скршено стакло и пејачот го расчистувал, а денес е направен и тест на присуство на дрога во крвта.

„По обвинувањата за употреба на дрога во Зелената соба на големото финале на Евровизија во саботата на 22-ри мај, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), како што побара италијанската делегација, изврши темелно разгледување на фактите, вклучително и проверка на сите достапни снимки. Тест за дрога исто така беше спроведен доброволно претходно денес од страна на главниот пејач на групата Måneskin“, при што излезе негативен резултат. Никаква употреба на дрога не се случи во Зелената соба и сметаме дека оваа дискусија е затворена. Шпекулациите што доведоа до лажни вести го засенија духот и исходот од настанот и неправедно влијаеја на бендот“, се вели во соопштението од ЕБУ.

Можеби ќе ве интересира: