Фестивали

Очекувано Македонија не влезе во финале, на улиците во Белград се слави за Констракта (Фото)

Додека на социјалните мрежи дел од познатите даваат искрена или лажна пријателска поддршка за нашата евровизиска преставничка која после се очекувано беше да не влезе во финалето, на улиците во Белград, Србите на големо го слават влегувањето на Констракта во саботното финале.

Чија беше идејата таа млада девојка на ова време да биде облечена во црно, црнила облеани со фалш пеење и воедно тресење на вилицата да се праша човек девојкава плаче или сака да заплаче.

И ова е премногу за коментар за Андреа, а прво што македонскиот народ го очекува од македонската евровизиска делегација е уште утре со првиот авион да се вратат во Македонија, а не да се дошетуваат, да се досликаат и сето тоа на наш трошок бидејќи таму не отидоа со сопствени пари, туку со пари од граѓаните кои плаќаат данок и тешко во ова време ги заработуваат сопствените средства.

Секоја чест за Констракта која покажа и уште еднаш на цела Европа докажа дека за да се биде успешен и вистински уметник не требаат многу пари. Браво, и секако, поддршката ќе ја има и во финалето.

После навистина многу време, а можеби и за прв пат Македонците се среќни што Србија влегува во финалето, а ниту имаат желба ниту сакаат да чујат нешто повеќе за претставникот на сопствената земја.

Од втората полуфинална вечер во финале се пласираа Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија. Додека од првата во финале се пласираа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Од големата петорка, своите настапи ќе ги претстават Англија, Германија и Шпанија.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: