Фестивали

Од 25-ти до 27-ми јануари фестивал на културата “АртАреа” во Кино Култура (Фото)

Во текот на три дена, 25-ти до 27-ми јануари, ќе се одржи фестивалот на култура “АртАреа”, во просториите на Кино Култура. Фестивалот што се одржува втора година по ред, ги спојува на едно место различните форми на уметничко и културно изразување: книжевност, музика, поетски перформанс, фотографија… придружени со дискусии.Издавачи кои учествуваат на саемот се: Бегемот, Или-или, Темплум, Готен, Слово, Табахон, ПНВ публикации, Гаврош, PrivatePrint, Сказнувалка и Антолог. Како дел од програмата се промоциите на книгите: “(Бес)конечни модели на расказот” на Сања Михајловиќ-Костадиновска (Бегемот, Наше маало, 2018); “Пливање спротиводно” на Ненад Јолдески (Или-Или, ПРОаЗА, 2018 и “Урбани легенди” на Васко Марковски (Бегемот, Плочка, 2018).

Можеби ќе ве интересира: