Од 3-ти до 8-ми јуни во Скопје – 18-то издание на “OFF Fest” (Видео)

Директорот на “Офф-фест” Оливер Белопета неодамна ја презентираше програмата за годинешното 18-то издание на фестивалот. Ќе настапат музичари од девет различни држави, а некои од нив и во мешан состав.

Како што е веќе препознатливо за овој фестивал, во рамките на програмата ќе се прикажува и документарен филм со наслов “Блузот од мали”, во режија на Лутс Грегор. Првата вечер на 3-ти јуни во Националната опера и балет, фестивалот ќе се отвори со концертен настап на кралицата на харфата Катрин Финч од велс и сенегалскиот кора-мајстор Секу Кеита.

Видео: Телевизија24

Повеќе на Музика24...