Фестивали

Од денес на плоштадот “Македонија” во Скопје, Фестивал на италијанска храна (Фото)

Од денес 4-ти декември започнува Фестивалот на италијанската храна во Скопје. Овој фестивал е организиран од страна на Италијанската амбасада во Република Македонија, како и Italian Trade Agency Skopje (ИТА) во рамки на одбележување на 6-та недела на италијанска кујна во светот, а настанот ќе го отвори италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри.

Настанот ќе се одржи на отворено, поточно, на плоштадот “Македонија”, а ќе понуди богата и забавна програма, промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки. Предвидена е и лотарија за посетителите кои ќе купат храна и прехранбени производи за време на фестивалот и награди од спонзорите на настанот.

Како и на секој фестивал, така и на овој музиката ќе биде неизбежна. Во текот на денешниот ден посетителите во период од 15 до 17 часот, ќе имаат можност да уживаат во музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со Павле Камилоски. Додека пак утре, со почеток во 14 часот свој концерт ќе одржи “Nyx Band” насловен “Canto Italiano”.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....