38-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ започнува утре 20-ти октомври каде во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип каде на фестивалската сцена ќе се испеат голем број на песни, ќе настапат голем број на познати но и нови македонски музички имиња.
Како што е предвидено, на првата фестивалска вечер ќе настапат младите надежи кои ќе се обидат пред присутната публика, а и пред гледачите на Македонската Радио Телевизија да се претстават во најдобро светло.
Во продолжение листата на учесници во првата фестивалска вечер:

Втората пак фестивалска вечер ќе биде резервирана за веќе докажаните музички имиња и како што веќе и пишувавме после првата прес-конференција, на истата оваа сцена ќе настапат одличните Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Љубојна, Ламбе Алабаковски, Таско, Симона Поповска, Бојана Скендеровски… и уште многу познати музички имиња од македонската музичка сцена.

Оваа година се очекуваат голем број на хитови, а како еден најголем помеѓу минатогодишното и ова издание на Фестивалот на забавни мелодии ќе биде прогласена песната „Бела“ во изведба на Пајак и Лара. После 2,5 милионски прегледи на YouTube и песна која што нема а кој не ја знае, со еден збор ќе кажеме – Заслужено!
Од утре сите патишта водат кон Штип на 38-то издание на „Макфест“.