Вчера вечер во античкиот театар на Хераклеа се одржа првиот од двата големи концерти во склоп на фестивалот “Битола Отворен Град“. Вечерта ја отворија младите и талентирани “Pluto`s Doubts“ а забавата продолжи со битолскиот состав “Фолтин“. Вечерта ја затвори познатиот ска-бенд “Суперхикс“.
Овој концерт обедини три исклучителни македонски бендови и докажа зошто на нашите музичари им се потребни концерти и комуникација со публиката…и зошто публиката заслужува најдобро.
Организаторот на фестивалот додели 600 бесплатни влезници, што значително помалку од вкупниот капацитет на гледалиштето. За време на целиот концерт максимално се почитуваше протоколот за одржување на јавни настани. Се чини дека после големиот број концерти изминатиов период во Битола, публиката се навикна на новото нормално односно одржуваше дистанца и носење маска за време на целиот настан.
Свежината на Плутоси, сензибилитетот на Фолтиновци и енергијата на Банда Инструментале создаде музички омнибус под исто небо на 4 септември на една античка сцена која евидентира уште еден музички настан за добрата историја на музиката.
ФОТО: Музика 24/ МКЦ – Битола/ Ивона Кочов