„ОФФест“ одложен за ноември

Годинешното јубилејно 20-то издание на „OFFest“ нема да се одржи во планираните термини во јуни (2-6). Единствена причина за одложувањето на веќе подготвената фестивалска програма е доцнењето на договорот и придружната документација (а со тоа и благовремената исплата на неопходниот аванс) од Министерството за култура. Ова е прв ваков случај во историјата на „OFFest“, како и на постариот „Скопски џез фестивал“, на кој искрено се надеваме дека нема да му се случи нешто слично. Новите термини на „OFFest“ се 9-13 ноември 2021.

Фестивалот, годинава со значително скратен буџет, во најголем дел ќе ја зачува веќе подготвената програма, првично предвидена за реализација во јуни, со истото планирано фестивалско отворање – концертот на модерниот фадо дует Lina Raül Refree, колаборативен проект на португалската фадо дива Lina Rodrigues и популарниот шпански артист Raül Refree, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов. Овој проект, кој лани кулминираше со албумот „Lina Raül Refree“ (Glitterbeat), своевидна модерна посвета на музиката на големата фадо легенда Amália Rodrigues, беше оценет од критиката како еден од клучните настани на светската музичка сцена во 2020 година. Во рамките на првата фестивалска вечер на „OFFest“ 2021 ќе биде прикажан и документарниот филм „The Art of Amália“, посветен на кралицата на португалското фадо Amália Rodrigues.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com