Во само неколку часа утрово се подгинати сите влезници за фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“. Влезниците кои беа бесплатни за сите заинтересирани беа од денес достапни во Културниот и информативен центар – Битола, а битолчани во голем број чекаа пред Офицерскиот дом за својата влезница.
Граѓаните кои не обезбедиле влезници ќе бидат сместени во слободниот простор на платото на Офицерски дом.
Фестивалот ќе се оддржи на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола на 24-ти август. Во една фестивалска вечер ќе бидат изведени 16 авторски композиции, а ќе настапат исто толку познати изведувачи. Ламбе Алабаковски, Катерина Таневска, Перо Христов, Елена Георгиева, Драган Мијалковски, Сефедин Бајрамов, Мишко Крстевски, Димитар Андоновски, „Трио Џентлемен” и многу други кои во четврток ќе настапат пред многубројната публика.