Фестивали

„Ohrid Calling“ ќе се одржи од 29-ти јули до 1-ви август

„Ohrid Calling“ и оваа година ќе се одржува во востановениот бастион на добрата забава и електронска музика – Касарната во Охрид од 29-ти јули до 1-ви август.
Воопшто не се сомневајте дека line up-от оваа година ќе биде првокласен, како во времето пред короната и дека ќе исполни многу од вашите желби и очекувања. Имено, line up-от за годинешното издание ќе биде објавен вечерта после настапот на TIËSTO во Скопје, на 17.06 во 02:00 часот на лед екранот на стадионот на АРМ и се разбира, на сите платформи на Авалон продукција.
Тогаш ќе бидат објавени и сите детали околу цените на влезниците. Подгответе се, Ве очекува навистина пеколно добро лето со едни од најголемите имиња на електронската музичка сцена!

Можеби ќе ве интересира: