„Охрид  фест“ со фолк и интернационална вечер на 10-ти и 11-ти септември

На 10-ти и 11-ти септември на Долни Сарај во Охрид, ќе се одржи овогодинешното издание на „Охрид  фест“. Годинава фестивалот е конципиран во две вечери, во Фолк и Интернационална, кои ќе се случуваат на 10-ти и 11-ти септември, со што продолжува музичката традиција долга 28 години.

„Минатата година, и покрај неизвесноста со пандемијата, го одржавме фестивалот, на што сме особено горди. Продолжуваме каде што застанавме, очекуваме квалитетни песни кои ја следат трубадурската традиција, но и многу добри поп-композиции и атрактивни гости на Интернационалната вечер“, вели првиот човек на фестивалот, Григор Копров.

На Фолк вечерта ќе настапат: Благица Павловска, дуетот Баже Груевски и Сани, Ирена Спасовска, Барбара, „Скопски боеми“, Петар Нечовски, „Соната“, Нино Величковски, Петар Христов, групата „Лихнида“ и многу други. Ќе ги видиме и: „Нокаут“, Ристо Самарџиев, Александар Јосифовски, Димитар Андоновски, Филип Јордановси итн. А организаторите најавуваат многу музички изненадувања на Интернационалната вечер.

Годинава „Охрид  фест“ посебен акцент и внимание им посветува на новите музички сили, на дебитантите што ќе ја започнат својата музичка кариера токму од Охрид.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com