“Охрид фест 2019” – 26 години силен бран на нови композиции

Како што веќе знаете и оваа година по 26-ти пат ќе се одржи еден од најстарите музички македонски фестивали “Охрид фест – Охридски трубадури”. Музичкиот портал Музика24 со задоволство може да се пофали дека годинава е еден од медиумските покровители на овој на далеку познат музички фестивал.

Годинава фестивалот ќе трае три дена, односно, првата вечер е резервирана за фолк музиката, втората вечер е поп вечер, додека третата интернационална вечер во која ќе влезат победниците од предходните вечери, ќе биде резервирана за гости и музичари кои го почитуваат овој музички фестивал и кој сакаат да се појават на сцената на “Охрид фест” и пред македонската публика.

“Оваа година го подигнавме критериумот на повисоко ниво со изборот на композиции и директен разговор со учесниците за аранжманите и изведбите”, вели Цане Петров уметничкиот директор на фолк вечерта која ќе се одржи на 5-ти септември оваа година. Неговите очекувања се да изненадат дебитантите, кои сериозно тргнале по патот на успехот и квалитетот. Петров кој е долгогодишен музичар инструменталист, го посочува својот позитивен пример во кариерата, кон помладите со искуство уметници:

“Ќе го спомнам мојот бенд (“Биоритам”) кој буквално го почна својот успешен пат на сцената на “Охрид фест” со легендарната песна за “Садило”. Како дебитанти го освоивме првото место од публиката во конкуренција со најголемите фолк имиња”, додава Петров.

На фестивалот се запаметени најпознатите музички имиња без кои неможе да се замисли еден ваков реномиран фестивал, како од Македонија така и од соседните држави. Ревијалното ексклузивно шоу на фолк вечерта за оваа година, ќе припадне на фолк ѕвездата Благоја Грујоски. За забавата на публиката по завршувањето на фестивалот, ќе се погрижи групата “Молика ОНЕ”.

Како уметнички директор на фолк вечерта веќе 7-ма година, Петров овој пат најавува прекрасни песни и изведби, текстови и аранжмани кои ќе влезат во Антологијата.

“Им препорачувам на слушателите и гледачите да не го пропуштат ова издание на “Охридски Трубадури” и нека уживаат во новите песни и рефрени кои грижливо сме ги одбрале”, вели Петров. Трите вечери на фестивалот кои се состојат од фолк, поп и интернационални изведби ќе се одржат на 5-ти, 6-ти и 7-ми септември во препознатливиот дух на “Охрид фест – Охридски тубадури”.

Повеќе на Музика24...