Фестивали

Општина Новаци организира „Фестивал на жетвата“

Општина Новаци ова лето за прв ќе организира „Фестивал на жетвата“ кој ќе се одржи на 12 и 13 јули кај манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.
„Фестивалот на жетвата“ е манифестација која за прв пат ќе започне да се одржува во Општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава. Токму затоа сакаме да ја афирмираме општината и нејзините ресурси како многу важен дел кој придонесува за развој на економијата во државата во услови на светска криза, како во областа на храната, така и во областа на енергијата. – соопштија од општината.
Овој фестивал ќе биде дводневен хепенинг на кој се пријавени да учествуваат повеќе од триесет изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи и домашна традиционална храна. Воедно, фестивалот ќе содржи и забавен и едукативен дел. Во забавниот дел покрај останатите ќе настапат: Ламбе Алабакоски, Камерниот оркестар на Битола, Наде Талевска, Ирена Димовска, Ѓоко Танески итн.

Можеби ќе ве интересира: