Фестивали

Општина Штип распиша конкурс за нови композиции за “Макфест 2023”, дали и годинава новинарите ќе бидат игнорирани?! (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, веќе е објавен конкурсот за нови композиции за 38-то издание на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест” во Штип. Како што велат организаторите, овогодинешното издание ќе се одржи кон средината на месецот октомври 2023-та, а за време на одржувањето на фестивалот е предвидено да се врши директен пренос на некоја од националните телевизии во Република Македонија.

Општина Штип во својство на организатор и покровител, на крајот на натпреварувачката вечер ќе додели три афирмативни музички награди без паричен надоместок, односно:

  • Награда за највпечатлив спој на мелодија и аранжман “Драган Ѓаконовски – Шпато” ќе се додели согласно одлуката донесена од страна на Стручната жири комисија и присутната публика.
  • Награда за највпечатлива вокална интерпретација, ќе се додели согласно одлуката донесена од страна на Стручната жири комисија и присутната публика.
  • Награда за највпечатлив дебитантски настап на Фестивалот, ќе се додели согласно одлуката донесена од Стручната жири комисија и присутната публика.

И покрај ветувањето од страна на Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов и неговата админстрација, минатата година не беше најдено соодветно сместување за новинарските екипи кои од година во година се се во помал број и на рака може да се избројат естрадните новинари кои ги следат или се заинтересирани да ги следат музичките случувања во Македонија. За жал, организаторите на ваквите музички настани, фестивали и случувања неважно од кој ранг и да станува збор, се се помалку заинтересирани за новинарските екипи, за тоа кој, што и како ќе информира и напише за настанот. Поради тоа повеќето музичко-забавни фестивали, традиционални настани се сведоа на локални приватни забави и настани од Ш категорија за кои известуваат и се заинтересирани само локалните медиуми, кои или се во мал број или пак воопшто и ги нема, за жал. Се надеваме и искрено веруваме дека годинава некој од организацијата на Фестивалот на забавни мелодии ќе смогне сили, енергија и барем за момент ќе се запраша и заинтересира за естрадните новинари, каде се и зошто ги нема сиве овие минати години. Финансиски средства има, останува уште волјата и желбата за соработка од страна на организаторите, односно, Општината Штип.

Инаку, за сите оние кои што се заинтересирани, автори, композитори, натпреварувачи/учесници, текстописци… може слободно да се пријавите и да аплицирате на конкурсот со клик на следниот линк: Пријави се за “Макфест 2023”.

Можеби ќе ве интересира: