Фестивали

Откажана интернационалната вечер на “Охрид фест“

Организаторите на познатиот музички фестивал “Охрид фест“ донесоа одлука за откажување на Интернационалната вечер на 11-ти септември. Истиот ден наместо интернационална вечер ќе има Фолк вечер, пренесува порталот popularno.mk.

На интернационалната вечер беше предвидено да настапат артисти од: Србија, Хрватска, Словенија, Грција, Бугарија, Албанија итн. Беше потврдено учеството на хрватските пејачи Индира Левак и Жак Хоудек.

Одлуката за одложување на Интернациналната вечер како што вели основачот на фестивалот, Григор Копров, е поради рестрикциите предизвикани од пандемијата Ковид-19. Имено дел од изведувачите ќе мора да останат во карантин после учеството на фестивалот во Охрид.

Иако Интернационалната вечер е најпопуларна и привлекува најмногу публика, извесно е дека следува уште едно одлично фестивалско издание од 11-ти до 12-ти септември на Долни Сарај во Охрид.

 

 

Можеби ќе ве интересира: