Фестивали

Отворен конкурс за “Канео фест 2018”

Во пресрет на 17-то издание на летниот фестивал “Канео фест” отворен е конкурс за прием на нови песни и ќе трае до 20-ти јуни. Во однос на критериумите за песните исто како и минатата година истите мора да бидат новосоздадени, дотогаш неемитувани во делот на фолк и поп правецот. “Канео фест” распишува конкурс за фестивалот “Канео фест 2018”, кој се одржува по 17-ти пат, а под покровителство на Телевизија Морис. Фестивалот ќе се одржи во две фестивалски вечери: Вечер на забавна новосоздадена македонска песна и Вечер на народна новосоздадена македонска песна.

Условите на фестивалот се следни:

  • Композицијата мора да биде нова, дотогаш неизведена
  • Композицијата не смее да содржи навредливи содржини
  • Композицијата после изведбата останува во сопственост на фестивалот
  • За учество на Фестивалот неопходна е котизација

Фестивалот ќе започне на 30-ти јуни година, ќе заврши на 01-ви јули, во Охрид на отворена сцена на некоја од расположливите локации во градското подрачје. Категоризирањето и изборот на песни ќе се врши по доставените композиции со нотен запис или демо снимка испратени на адреса: ТВ Морис “Градски пазар” 20 п-фах 131, 6000 Охрид или на [email protected] или [email protected] најдоцна до 20.06.2018. Сите заинтересирани кои би сакале да бидат дел од учесниците од “Канео фест 2018”, на поп или на фолк вечерта ќе можат да се информираат на: [email protected] и [email protected] или пак преку телефонските броеви: 046/255 050; 078/735 923 и 071/584 900

Изборот на победници и овој пат ќе биде со гласање на публиката и жири комисија. Ќе бидат обезбедени пристојни награди за победниците, а за секој учесник на Фестивалот ќе следи DVD пакет од двете вечери. “Канео фест” ги задржува сите авторски права за емитување и дистрибуција на материјалот. Водителка и директотка на “Канео фест” е охриѓанката Кристина Алексиеска која минатата година си доби и песна на фестивалот насловена “Една згодна Кристина”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: