Овогодинешното издание на “Д Фестивал” од 12-ти до 14-ти јули

Датумот за новиот “Д Фестивал” е закажан. Овогодинешното издание ќе се случува од 12 до 14 јули, на добро познатата локација – Дојран. Како што велат организаторите, “Д Фестивал” е единствениот летен “open-air” музички фестивал во Македонија, кој годинава ќе се одржи по деветти пат.

Основан е во 2011 година и израснат од идејата за уникатен “open-air” настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и Дојранското крајбрежје. Ова е млад фестивал кој благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисити од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера константно доведувана до еуфорија и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија.

“Д Фестивал” продолжува како традиција, но секоја година со уште поголеми очекувања, со сигурност зацврстувајќи се како симбол за незаборавно концертно доживување и традиционална дестинација за сите фанови на автентичниот дух на летните музички фестивали. Секоја година “Д Фестивал” е дестинацијата за забава на повеќе од 8.000 илјади посетители кои ги уживаат впечатливите концертни перформанси на музички артисти како што се: Manu Chao La Ventura, Stereo MC’s, Wilkinson, Sonique, Кирил Џајковски, Дубиоза Колектив, Bernays Propaganda, Љубојна, Фолтин, String Forces, Суперхикс, АРЕА, С.А.Р.С., Baildsa, Зијан и многу многу други.

Повеќе на Музика24...