Фестивали

Пивофест – почеток со нејасни одговори, приватна забава со селектирани музичари?! (Фото)

Ако во изминатите години се се знаеше речиси два месеци пред самиот почеток, оваа година кога “Пивофест” во Прилеп ја прославува својата полнолетност, не се знае апсолутно ништо.

На вчерашната прес-конференција која се одржа во Прилеп на само еден ден пред официјалниот старт на фестивалот, овогодинешниот организатор продукцијата “Арт 10” или Пеце Стоикоски на кого годинава Општина Прилеп му ја довери организацијата, многу работи останаа енигма, многу прашања останаа нејасни.

Новинарите од локалните медиуми му поставија голем број прашања на кој самиот организатор даваше контрадикторни одговори, а Градоначалникот кој исто така беше дел од пресот се обидуваше да ја амортизира наелектризираната атмосфера во која што се чувствуваше незадоволството на медиумите за ненаврементото добивање за информации поврзани со “Пивофест”.

Новинарите се уште немаат релевантен одговор за начинот и критериумите на кој начин и според кој правила, услови и објавен конкурс токму продукцијата “Арт 10” беше одбрана за организација на овогодинешното 18-то издание на “Пивофест”. Градоначалникот Г-нот Борче Јовчески на неколку наврати појаснуваше дека “Арт 10” била избрана по системот прв дојден – прв услужен при тоа не објаснувајќи дали имало и други заинтерсенти и пријавени, и дали воопшто целата постапка била јавна и транспарентна, или договорот со сегашниот организатор бил во четири очи.

Пеце, организаторот на “Пивофест”, ниту собра храброст ниту се потруди да одговори и објасни според која селекција, направено истражување од страна на “Арт 10” продукција, анкета или направена анализа помеѓу граганите низ Прилеп ги покани токму пејачите кои се на официјалната фестивалска програма. Тој на сето ова само со насмевка кажа дека некои од учесниците дури и сами се пријавиле да учествуваат и бидат дел од фестивалот. Па дали тоа значи дека истите ќе пејат без надокнада, бидејќи сами и по своја желба и волја се пријавиле и дали за настап на вака голем настан како “Пивофест” е доволно да се изрази само желба?!

Еден мал и бесплатен совет до организаторот: пред да стартува со организирање на вакви големи настани треба да помине курс и да научи како и на кој начин треба да се однесува со седмата сила, тој пред се е должен да ги испочитува сите новинари, а не како мало дете да се фали кому не кревал телефон и кого се игнорирал поради оваа или онаа причина.

Посебно симптоматично им беше на новинарите што Пеце и “Арт 10” се миленичиња на Општината, земајќи впредвид дека истите се спонзори и одлично ги финансираат неговите настани (фестивалите) односно, оние кои се организирани од страна на веќе споменатите. На пресот се начнаа и многу други теми на кој Пеце не даваше конкретни одговори, па така, голема енигма остана дали тој изведувачите на “Пивофест” ги има селектирано според ценовниот ранг или пак според лични симпатии, пријателства и она кој кому е поблизок, како што е на пример неговата пријателка и соработничка во минатото, пејачката Елена Петреска.

Како и да е, од утре почнува пиво фештата во Прилеп каде организаторите очекуваат бројка од 100.000 посетеност, бројка која се постигна и надмина годината кога Светлана Ражњатовиќ беше дел од фестивалот. А дали тоа воошто ќе се случи или повтори годинава, останува да видиме.

На здравје Прилеп!

Можеби ќе ве интересира: