Фестивали

“Пивофест” во знакот на македонска музика

Како што неофицијално дознава музичкиот портал Музика24, овогодинешното издание на познатиот “Пивофест” во Прилеп на кој што досега имаат настапено голем број на македонски, но и балкански музички имиња се враќа на она почетно ниво на кое што беше на самиот почеток, кога фестивалот стартуваше пред многу години.

После балкански познатите Светлана Цеца Ражњатовиќ, Северина, Данијела Мартиновиќ, Здравко Чолиќ, Неда Украден, Лепа Брена, Мирослав Илиќ, Оливер Драгојевиќ… и многу други познати музички имиња, оваа година на фестивалската пиво сцена ќе се појават само македонски изведувачи. Наместо ова фестивалско издание да го дознае цел Балкан и пошироко, за среќа или жал, се враќаме неколку чекори наназад кога малкумина знаеја дека постои “Пивофест” и воопшто музички настан со кој може слободно секој прилепчанец да биде горд и да се пофали.

Неофицијално, најавени се: ДНК, Љубојна, Некст Тајм, Влатко Лозаноски-Лозано, Наум Петревски, Елена Велеска, Четкар, Нокаут, Ареа, Владо Јаневски, Суперхикс, Влатко Стефановски, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Елена Петревска, Галија, Дивље Јагоде… и многу други изведувачи, дел од македонската музичка сцена. Во следните денови повеќе информации околу тоа кој пејач или група кога ќе настапи.

Локацијата и оваа година ќе биде непроменета, односно, пред банката во центарот на градот каде што се наоѓа и големата фонтана која навечер ги менува боите. Водител годинава ќе биде препознатливот и тв шоумен Игор Џамбазов, што е реално вистински погодок за ваков настан.

На крајот на краиштата ќе заклучиме, после толку години конечно ќе се слушне квалитетна и добро селектирана македонска музика отпеана од најдобрите на македонската музичка сцена.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: