По шест години, Република Македонија влезе во големото финале на Евровизија

Тамара Тодевска влезе во финалето на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел. Со моќната изведба на песната “Горда”, Тамара ги воодушеви присутните во салата. Мотото на годинашниот евровизиски избор е “Осмели се да сонуваш”. Во финалето се пласираа 10 од 17-те учесници во втората полуфинална вечер.

Финалисти од втората полуфинална вечер се Република Македонија, Холандија, Албанија, Русија, Шведска, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта. Годинава во ревијалниот дел настапија и лицата со посебни потреби и со хендикеп со сопствено шоу кои ја кренаа публиката на нозе.

Германија, Израел, Италија, Франција, Израел и Шпанија се земјите кои директно влегоа во саботното финале. Во сабота ќе се појави и Мадона која премиерно ќе го изведе новиот сингл “Иднина” заедно со Куаво.

Повеќе на Музика24...