По струмичка линија Васил Гарванлиев наш претставник годинава на Евровизија?!

Деновиве од нигде никаде оддекна информацијата дека Македонската радио телевизија одлучила нашата држава Македонија на овогодинешниот избор на песна на Евровизија да го испрати анонимниот за пошироката јавност – оперскиот пејач Васил Гарванлиев. Против пејачот неговите квалитети и она што досега го има направено немаме апсолутно ништо, но, дека малкумина од нашата македонска јавност го познаваат и знаат дека е дел од македонската музичка сцена… многумина ќе се запрашаат, кој е пак сега дечково. Единствената работа која може да не потсети кој е Васил и да не врати барем малку повеќе во минатото е песната “Марионка” која своевремено беше вистински апсолутен детски хит, но тоа е веќе минато, а и станува збор за детска песна, зар не?

Веќе кога од Македонската радио телевизија одбираат и само ни соопштуваат кој ќе ни биде претставникот без било кој од јавноста да биде запрашан за тоа дали сакаме или не таа личност да не претставува, не интересира, која е таа стручна екипа, кои се тие музички експерти кои одлучуваат во име на македонскиот народ, бидејќи сепак на крајот на краиштата тие нема да заминат со сопствени средства, туку со финансии одобрени и дадени од страна на, како што многу милуваат да речат нашата држава, или Република Македонија.

Дали после многубројните музички фестивали, разно-разните музички манипулации и избори кој која награда да ја добие (за што нашиот музички портал беше грубо нападнат) и изборот за песна за Евровизија која е пред се избор на државата, а не на одредени индивидуи, ќе стане нечија своина и во името на одредени “музички експерти” ќе се оди на се или ништо само колку да се протурка нечија идеја, замисла и тоа како некој замислил, а не ние граѓаните кој живееме тука и имаме барем право да си го кажеме својот став и мислење и истото да биде прифатено, бидејќи ако нема разговор и дебата околу нешто што е национално, македонско за било кој избор да станува збор, веќе тоа не е избор на граѓаните на оваа држава, туку на неколку личности од која и фела да се.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.