По трет пат во Штип интернационалниот фестивал “Астибо фест”

Штип по трет пат годинава ќе биде домаќин на камерни хорови и пејачки групи во рамки на Интернационалниот фестивал “Астибо фест”, што вечерва ќе се одржи во Домот на млади – Штип. Уметничкиот директор на фестивалот “Астибо фест”, Ивана Ѓурѓевиќ-Јанков на прес-конференција информира дека и оваа година фестивалот се одржува во рамки на манифестацијата “Штипско културно лето”.

“Како уметнички директор на “Астибо фест”, можам да кажам дека годинава гости на фестивалот е хорот “Распеани паланчани” од Крива Паланка, женскиот камерен хор од Ќустендил, Република Бугарија, секако и ние како домаќини Градскиот хор Штип. На репетоарот на нашиот хор ќе бидат застапени изворни македонски народни песни, но и популарни забавни македонски композиции. За репетоарот на гостите, засега нека остане мало изненадување за посетителите”, вели Ѓурѓевиќ-Јанков.

Фестивалот под мотото “Да го вратиме културниот сјај на Штип” ќе се одржи во просториите на Дом на млади, со почеток во 20:30 часот.

Повеќе на Музика24...