Поради корона вирусот можно откажување на Евросонг

На илјадници луѓе во публика и околу 200 милиони љубители на Евросонг пред малите екрани, годинава се поизвесно е дека постои можност да им биде скратено задоволството да ја проследат омилената музичка манифестација. Поради новонастанатата состојбата под знак прашалник е доведено одржувањето на Евровизија, кое е планирано да се одржи во Ротердам, Холандија, од 12-ти до 16-ти мај.

Од страна на организаторите се уште нема официјална најава за можно откажување на настанот, а претставници на ЕБУ (European Broadcasting Union) порачаа дека ќе ја следат состојбата и препораките на властите и на Светската Здравствена Организација.

Како што пренесува британскиот медиум “Mirror” се земаат во предвид повеќе можни сценарија, па дури и изведувачите да настапат во својата земја, а изведбата да се следи преку видео линк. Во тој случај, ќе биде намалена паниката и стравот од патувањето и можноста за ширење на коронавирусот.

Нашиот претставник на Евровизија 2020, Васил Гарванлиев вечерва во централниот дневник на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија ќе ја промовира својата песна “You”.

Повеќе на Музика24...