Потврдени првите 7 артисти на “Д Фестивал 2020”

Единствениот фестивал на отворено во Македонија – “Д Фестивал” се подготвува за своето јубилејно десетто издание кое ќе се одржи од 3-ти до 5-ти јули во Дојран. Како што велат организаторите, тие веќе се започнати со пакување на најголемата летна авантура во тридневна програма која изобилува со музички, креативни и уметнички перформанси.

Првите потврдени артисти за “Д Фестивал 2020”:

Главната бина е резервирана за синот на легендарниот Боб Марли – Ки Мани Марли. Преку своите искрени текстови и музика составена од разни жанрови, ќе пренесе важна порака која е дел и од мотото на фестивалот – Peace. Unity. Equality… and Feel D Love. На Ки-Мани му се придружува и еден од најважните артисти од домашната хип-хоп андерграунд сцена, ЛД Пистолеро кој за прв пат ќе настапи на “Д Фестивал” со соло настап. Тука ќе се и Партибрејкерс да ги научат новите и потсетат постарите генерации зошто е потребно да сме исти, посебни, слободни и само свои.

Од спротивната страна, на Lake Awake, будни до раните утрински часови ќе не држи германското електронско дуо “Booka Shade” чија музика е толку совршена што е невозможно да не не разигра. Astrix, еден од водечките psytrance продуценти и диџеи на деценијата, препознатлив по својот перфекционизам кога станува збор за музиката, подготвува експлозивен сет со кој заедно ќе го дочекаме изгрејсонцето. Гарантираме забава за сите возрасти, па ја збогативме нашата програма со Family Day. Најомилениот музички хор “Златно славејче” својот јубилеен 50-ти роденден ќе го прослават заедно со нас. За сите деца, да биде сонце, да биде љубов, нека биде сјај… Во интимна атмосфера во Church Stage, ќе ни се претстави нашата Телемама со акустичен микс од албумите “Мис Слобода” и “Краток албум за двајца”. Ова ќе биде нејзиниот единствен настап летово, па со време поканете си ја симпатијата на состанок”, велат организаторите на “Д Фестивал”.

Повеќе на Музика24...