Фестивали

Познат редоследот за настапи на вечерното евровизиското финале

Евровизискиот домаќин – Шведска ќе го отвори евровизиското финале што ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот, а Австрија ќе го затвори годинешниот музички натпревар.

Дваесет и шест песни ќе се натпреваруваат на сцената во Малме, а најголеми шанси за победа во моментов, според обложувалници на интернет, имаат песните на Хрватска, Израел, Швајцарија, Ирска и Франција.

Најгледан евровизиски настап моментално е тој на Ирска со над 4.229.000 прегледи на YouTube. Потоа следува настапот на Хрватска со повеќе од 4.218.000 прегледи.

Можеби ќе ве интересира: