Фестивали

Познати изведувачите на 13-то издание на „CMC Festival“

Ова лето, фестивалот „CMC“ подржан од Калцедонија повторно ги носи најголемите имиња на регионалната музичка сцена во Водице, а по минатогодишното специјално издание организирано во тежок епидемиолошки период, годинашното издание ќе го означи враќањето на големата фестивалска сцена. Во два дена, на 11-ти и 12-ти јуни, ќе настапат повеќе од 50 изведувачи, а многумина очигледно едвај чекаа на новите концертни собири затоа што спроведениот избор собрал најмногу апликации досега.

Откако ги слушна сите снимки, стручната комисија на фестивалот„CMC“  ги избра следниве изведувачи кои ќе настапат во сабота, на 12-ти јуни во Водице: Алка Вуица, Амир Казиќ Лео, „Колонија“, „Црвена јабука“, „Босанац на мору“, Дарко Домијан, Давор Борно, Дино Петриќ, Дражен Зешиќ, Елио Писак, Халид и Индира, Иван Зак, Ивана Ковач, Јасмин Ставрос, Ким Версон, Клапа „Камби“ „Каштел Камбеловац“, Лидија Башиќ, Лука Баси, „Љубавници“, „Магазин“, Марко Кутлиќ, Матија, Мејачи ft. „Црвена јабука“, Мери Андраковиќ, Миа Димчиќ, Миле Перков, Младен Грдовиќ, Неда Украден, Нено Муриќ, Николина Вујиќ, Нина Донели и Џулијано, Нина Петковиќ, Ноеле, „Опша Опасност“ feat „Момци Запрешиќ“, Роберт Чолина, Сандро Бастианаши, „Тројца мускетари“, „Трио гушт“, „Учитељице“, Владимир Кочиш – Зец, Златко Пејаковиќ, Жељко Бебек, Жељко Круслин и Жера со Валентин.

Концерти на големи музички ѕвезди нè чекаат на двата дена од фестивалот, а целата програма ќе биде позната наскоро. Фестивалот годинава исто така ќе се одржи во согласност со тековните епидемиолошки мерки, бидејќи грижата за безбедноста на посетителите и изведувачите е на прво место. Со објавувањето на имињата на изведувачите, фестивалот претстави и нов визуелен запис, како и освежена веб-страница на која публиката може да ги најде сите најнови новости поврзани со фестивалот.

Летото 2021 година многумина со нетрпение го очекуваат и во надеж дека оваа година ќе биде обележана со враќање во нормалниот живот, сите со нетрпение очекуваме нова средба со публиката. Најдобрата летна забава на Јадранот оваа година ќе биде на „CMC“ фестивалот, на 11-ти и 12-ти јуни во Водице. Фестивалот е организиран од телевизијата CMC со поддршка на Градот Водице и локалниот туристички одбор, а генерален спонзор е Калцедонија.

Специјализираниот македонски музички портал – Музика24.мк, кој со право може да се нарече и регионален музички портал, и овој пат соработува со најдобрите продуцентски куќи на Балканот како што е Кроација Рекордс, и една од најгледаните музички телевизии на Балканот „CMC“, кои се воедно и организатори на музичкиот фестивал „CMC“. Воедно со задоволство Ви соопштуваме дека нашиот медиум е еден од многуте балакнски медиуми, кои се медиумски покровители на истиот. Во иднина, се што е поврзано со Кроација Рекордс и секако со овогодинешното издание на фестивалот „CMC“, можете да го прочитате на Музика24.мк.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....