Фестивали

Промотивна цена: Пуштени во продажба влезниците за „Balkan Gala Festival“

Камерниот оркестар на Битола од вчера ги пушти во продажба влезниците за престојното издание на „Balkan Gala Festival“. Засега продажбата се одвива online преку bileti.mk а до 25-ти јуни влезниците се по промотивна цена од 450 денари.

Како што веќе објавивме Камерниот оркестар на Битола го најавува второто издание на Balkan Gala Festival. Следуваат две концертни гала вечери со многу гости артисти, придружувани од Камерниот Оркестар на Битола составен од над 40 музичари.

На првата фестивалска вечер (6-ти јули), која е посветена на рок музиката ќе настапат: Ристо Вртев од „Архангел“, Михајло Трајковски – Сак, Срѓан Гојковиќ – Гиле од „Електрични оргазам“, Петар Младеновски од „Суперхикс“, Ружица Брчиоска од „АРЕА“ и Жарко Јакимоски. Вечерта ќе заврши со електронска музика и DЈ кои ќе ја превземат сцената после 23 часот. За тогаш се најавени Darren Emerson, Goran Kan и Herzel.

Следната вечер (7-ми јули) на програмата се поп-изведувачите: Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Викторија Лоба, Горан Каран и Виктор Апостоловски.

 

Можеби ќе ве интересира: