Фестивали

„Рам ба ба бам“ направи бум на Твитер

Познатиот стих од песната со која Ивана, Кесенија и Сања се претставија на Евровизија, се појави на официјалниот профил на Твитер на музичкото натпреварување.

Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ, девојките од групата Hurricane со нетрпение го очекуваа финалето и настапот на големата сцена во Ротердам, каде оваа година се одржува Евровизија. Овогодинешните претставнички на Србија вечерва ќе се претстават со добро познатата песна „Loco, Loco“, под реден број 8.

Во четвртокот ова три заблеска во полн сјај и ги воодушеви сите присутни со енергијата, но и гласот и стасот, а по нивниот настап на официјалниот профил на Твитер на Евровизија се појави твит: „РАМ БА БА БАМ!“, што инаку е дел од рефренот на песната „Loco, Loco“, со која се претставија девојките.

 

Под овој твит се редеа коментарите на корисниците на оваа социјална мрежа, а она што е сигурно е дека овој стих на сите им влегол во уво.

Можеби ќе ве интересира: