“Роса Фест” ќе се оддржи кон крајот на месец октомври

Како што дознава музичкиот портал Музика24, музичкиот фестивал “Роса Фест” по 19-ти пат ќе се оддржи кон крајот на месец октомври, поточно, на 26-ти октомври во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот. Организатор на овој фестивал е препознатливото и уникатно радио – Радио “Роса” кое што оваа година прославува јубилеј 25 години посотење во македонскит етер. “Решивме фестивалот да го поместиме за крај на октомври. На сцената ќе се појави фолк елитата и затоа фестивалот годинава ќе биде во живо. Ќе има и фестивалски оркестар, “Браќа Нуне”, кои ќе ги следат пејачите на сцена. Фестивалот ќе се одржи во МОБ со почеток во 20 часот. Македонската телевизија ќе го снима и одложено ќе го емитува, вели Александар Димитров директор на радио “Роса”. Оваа година на фестивалската сцена присутната публика ќе има чест и задоволство во живо да ги чие новите композиции на познатите: Марјан Коцев, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Благоја Груевски, Јордан Митев, Горан Кукиќ, Душко Ѓеоргиевски, Сузана Гавазова, Благица Павловска, Анете Мицевска, Ленче Кукиќ… и многу други. Како и секоја година, и оваа, фестивалот е од ревијален карактер, а единствените награди кои ќе се доделат се традиционалните награди за животно дело. Годинава добитници се Наум Бурназ, Нино Величковски и Ферус Мустафов. Водителка на овогодинешното издание на “Роса Фест” ќе биде познатата тв водителка Ирена Спировска. Подготви: Марија Поповска
Повеќе на Музика24...