Фестивали

РТС го објави конечниот список: 36 артисти во трка за српски претставник на Евровизија

По рекордниот број композиции кои беа пријавени на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, српската РТС избра дури 36 песни кои ќе учествуваат на националниот избор.

Србија ќе избере нов претставник и песна за Торино на фестивалот „Песна за Евровизија 22“, преку две полуфиналиња на 3-ти и 4-ти март и големо финале на 5-ти март. Конкурсот за српски претставник за „Песна на Евровизија 2022“ заврши на 1-ви декември, а на 17-ти декември комисијата за избор ги изгласа композициите кои по електронски пат пристигнаа на адресата на Српската радио телевизија. Од над 150 композиции, селекциската комисија, составена од музички уредници на РТС, ги преслуша сите пристигнати песни и ги избра следните артисти и нивните композиции за учество на фестивалот: Наива, Бибер, Марија Мирковиќ, „Gift“, Борис Суботиќ, Марко Николиќ, Бане Лалиќ и МВП, Vasco, Ивана Владовиќ и Јована Станимировиќ, Марија Микиќ, Јулија, Ангелина, ВИС „Лимунада“, Аца Лукас, Игор Симиќ, Гоца Тржан, Сања Богосављевиќ. Душан Свилар, Срџан Лазиќ, Јулијана Винцан, Јелена Пајиќ, Бојана Машковиќ, „Зое кида“, Оркестар на Александар Софронијевиќ, Сара Јо, Миа, Зејна Муркиќ, „Gramophonedzie“, Стефан Здравковиќ, Зорја Пајиќ, „Лифт“,  „Констракта“, Ивона Пантелиќ, „Рошер етно бенд“, Ана Станиќ и „Еутерпа“.

Победникот на фестивалот „Песна за Евровизија 22“ ќе ја претставува Србија на Евровизија што годинава ќе се одржи во Торино, Италија.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....