Фестивали

Румба-фјужн бендот „Арумбо“ ќе настапи на „Битола Отворен Град“

МКЦ Битола ги најави првите изведувачи на фестивалот „Битола отворен град 2023“. На големиот концерт во сабота (24 јуни) ќе настапи румба-фјужн бендот „Арумбо“.
Тие изведуваат песни кои провоцираат танц со мелодии кои доаѓаат директно од срце и од моментот во животот во кои самите се наоѓаат, вреднувајќи ја пораката и луѓето со кои работат. Нивната светска грув музика е со влијанија од Блискиот Исток и е елегантна, но и мистериозна. Небесниот вокал, ориенталниот звук и комбинацијата на музичари ќе ве натераат да сонувате и ќе ви дадат митска, позитивна енергија! Запомнете го „Арумбо“ кој преку совршени звуци од Шпанија и Белгија ќе не поврзе со мистериозниот простор на духовност кој сите го носиме во себе.

Можеби ќе ве интересира: