Фестивали

Само македонски изведувачи оваа година на „Струмица Опен Фестивал“

10-то издание на „Струмица опен фестивал“ почнува денес (19.07) со настапот на Студиото за танцување „Оne way“ и ќе трае до 19-ти август, соопштија организаторите, Здружението „Културно забавен живот“ – Струмица.

Во пет недели е планирано одржување по четири најразлични настани од музиката, забавата, спортот, рекреацијата и филмот. Сите содржини на „Струмица опен фестивал“ се бесплатни за посетителите, а според традицијата, музичките вечери се резервирани за крајот на манифестацијата и на нив ќе настапат исклучиво македонски групи и изведувачи.

“Годинава се заокружува вреден еднодеценски ангажман со кој се анимираа огромен број луѓе од ралични генерации од нашата општина, од земјава и од странство, кои токму на „Струмица опен фестивал“ пронајдоа содржини за задоволување на нивните потреби, барања и вкусови. Убеден сум дека така ќе биде и годинава, бидејќи со малку изменет и надополнет концепт фестивалот и годинава ќе понуди исклулчителна квалитетна и шаренолика програма, која ќе ги плени срцата на нашите посетители”, рече Томи Печков.

Музичката програма започнува на 16-ти август со Слаткаристика и Каролина Гочева. На 17-ти август свој концерти ќе имаат Коста Хаџи Којчев и Игор Џамбазов со „Гуру Харе“, на 18-ти август за прв пат концерт на фестивалот ќе има Македонската опера и балет, а по нив џез концерт на Владимир Четкар. Фестивалот ќе се затвори на 19-ти август со концерт на „Суперхикс“.

Можеби ќе ве интересира: