Фестивали

„Самовилска музика“ и концерт на Туту Ајдиноглу на „Скопско лето 2022“

Во рамки на 43-то издание на манифестацијата „Скопско лето 2022“ денеска ќе се одржи концерт на класична музика за деца „Самовилска музика“. Концертот ќе се одржи во Сули ан – Факултет за ликовни уметности, во изведба на Триангл Пулс. Идејниот концепт, сценариото и режија се на Десанка Глигоријевиќ, учесници се Сихана Јакупи – модератор, хорнa, Андреј Наунов – пијанo и модератор, Јане Дунимаглоски- труба , мандолина и оперски пејач.

Во Музејот на македонската борба вечер, со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи концерт на Туту Ајдиноглу одТурција – пијано и Нурај Оџакли, наратор, исто така од Турција.

Можеби ќе ве интересира: