17% шанса за победа на овогодинешниот натпревар на Евровизија има малтешката пејачка Дестини

Британските Смаркетс, букмејкер познат по одличното предвидување на резултатите (меѓу другото и претседателските избори), предвидуваат дека победник на овогодинешниот натпревар на Евровизија ќе биде малтешката пејачка Дестини, а засега и даваат 17% шанса за победа.

Малтежанката исто така ја фаворизираат и другите обложувалници, а таа е на врвот откако нејзината песна “Je Me Casse” беше објавена на YouTube.

На Малта исто така се гледа како победник според анкетите, па така на Wiwibloggs, Малта со денови е на врвот според бројот на гласови.

Оваа година Малта е претставена од малтешко-нигериската пејачка Дестини Чукунјер, која има само 18 години. Дестини пее на англиски јазик, а песната е именувана по краткиот дел на француски сленг. Дестини веќе победила на Евросонг, но на детскиот, во 2015 година.

Подготви: Редакција Музика24

eurosongeurovisionfestivalimuzika24.mksong contest