Се оддржа 8-то издание на “Џојфест” во Крива Паланка

Неодамна неколкуилјадна публика како од македонските, така и од градовите од соседна Бугарија, беа дел од осмото издание на традиционалниот музички фестивал “Џојфест” кој се одржува на градскиот плошрад во Крива Паланка. Фестивал кој веќе осма година по ред се одржува во општината Крива Паланка во месец август во екот на летната културна понуда во регионот.

На сцената пред публиката од разни генерации настапија бендовите: “Ки”, “The three of us”, “Флека”, “Сајгон”, Тони Зен , чии настапи беа увертира во настапот на главната музичка ѕвезда, виртуозниот вонсерискиот гитарист, Влатко Стефановски.

Стефановски кој настапи со “Влатко Стефановски трио”, во кое членуваат уште и неговиот син Јан Стефановски, на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара, со двочасовниот настап ја воодушевија публиката, која во еден глас ги пееше рефрените на најпознатите песни кои во Влатко Стефановски од “Леб и Сол” до денес ги создал во неговата четиридецениска музичка кариера.

Од организацискиот одбор на “Џојфест” истакнаа дека и ова фестивалско издание помина во одлична организација, со програма за која ќе се говори до следното фестивалско издание.

“Ова беше несекојдневна можност кривопаланчани и жителите од регионот да го слушнат вонвременскиот гитарист со кој растевме и се уште растат голем број генерации, млади музичари кои се среќни што можат да учат од најдобриот гитарист на сите времиња, можам да кажам. Она што беше куриозитет, е мастер-класот на Стефановски, одржан неколку часа пред концертот, за кој се бараше место повеќе, присуствуваа различни генерации музичари од градот и впиваа од несебичната методика на пренесување музички занаења на големиот Стефановски”, истакна Александар Михајловски од организацискито одбор на “Џојфест”.

Фестивалот го организира Општина Крива Паланка, со организавциски одбор на “Џојфест”, институции до културата со поддршка од Министерство за кулутра на Македонија.

Повеќе на Музика24...