Два месеца до годинешниот Евросонг, кој ќе се одржи во Ливерпул, и речиси сите земји што учествуваат на натпреварот избраа свои претставници. Единствено, сè уште не се знае која песна ќе ги претставува Шведска и Португалија. Тие в сабота избираат свои претставници.
И покрај тоа што не се знае кој ќе пее за Шведска, оваа земја со недели го држи првото место во обложувачниците со песната „Tattoo“ на Лорин. Таа победи на Евровизија во 2012 година со песната „Euphoria“, а годинава се пласира во финалето на „Мелодифестивален“.
Многумина сметаат дека Лорин и оваа година ќе ја претставува Шведска на Евровизија и дека повторно ќе победи. Нејзината песна веќе е на топ-листите во Велика Британија и Ирска.