Фестивали

СКАНДАЛ: Шпанската песна за Евровизија е плагијат од песна на Дара Бубамара ?!

Дара Бубамара се најде во центарот на скандал во Шпанија, откако нивната претставничка за Евровизија, наводно го ископирала големиот хит на Бубамара, „Екстравагантно“. Нејзината песна од 2017 година, напишана е од Стефан Ѓуриќ – Раста и Слободан Вељковиќ – Цоби, очигледно му послужи како инспирација ни помалку ни повеќе од овогодинешната претставничка на Шпанија на Евровизија.

Имено, пејачката Chanel ја изведува песната „SloMo“, која ја потпишуваат Лерој Санчез, Ибере Фортес, Меги Сабо, Кит Харис и Ајен Тонен. Сепак, медиумите во Шпанија, но и социјалните мрежи тврдат дека се работи за плагијат и дека сличноста меѓу хитот на Дара и овогодинешниот претставник на Шпанија на престижниот натпревар што ќе се одржи во мај во Италија е евидентно.

Денес кога се вклучив на социјалните мрежи бев шокирана. Добив милион пораки од непознати  луѓе во Шпанија. Ми испратија линкови и скриншот од натписи во локалните медиуми дека овогодинешниот претставник на Евровизија ја копирал мојата песна. Слушнав и сличноста е јасна. Сепак, тие малку задоцнија, или мислеа дека нема да бидат откриени. песната е снимена во 2017 година, а сега е 2022. Гледам дека се крена врева, а мојот тим ќе поднесе тужба.

Сега цел свет ќе слушне за мојот хит. Така треба да биде. Изборот за песна на Евровизија е светски познато музичко натпреварување и секој ќе коментира за плагијат. Раста и цоби ја направија вистинската работа. – вели дара.

https://www.youtube.com/watch?v=4mYBiIO0pfY

Можеби ќе ве интересира: