Фестивали

„Skopje Calling“ годинава со импресивни музички имиња (Фото)

Во петок, 7-ми јули, на Стадионот на АРМ во Скопје ќе стартува еден од најурбаните музички фестивали во Македонија, „Skopje Calling“, кој и оваа година ќе понуди импресивна листа на изведувачи. Како што најавија на вчерашниот прес од Авалон продукција, кои традиционално се организатори на овој фестивал, оваа година „Skopje Calling“ продукциски ќе ги задоволи највисоките светски критериуми, а на истиот ќе настапат Констракта и Земја Грува, „Буч Кесиди“, Нина Кравиц, „Лајбах“, и „Ниплпипл“.

Бобан Милошески, сопственикот на Авалон продукција, изјави дека фестивалот е настроен кон „меинстрим“ генерацијата, прилагоден за публика од 7 до 70 години.

„Со оглед на тоа што фестивалот е сепак авангарден и не е ултракомерцијален, ние сме неверејотно, позитивно изненадени од бројот на посетители кои ќе се појават в петок. „Лајбах“ ќе настапат први во 21:15 часот, а единствен услов беше да биде стемнето, затоа што имаат импреивно осветлување и видео. Останатиот „лајнап“ е прилагоден спрема музичкиот концепт на фестивалот, односно како ќе се загрева атмосферата, сѐ до настапот на Нина Кравиц“, изјави Бобан Милошески.

Можеби ќе ве интересира: