Фестивали

„Skopje Sounds Good“ и „Skopje Calling“ сепак ќе се одржат

Двата фестивала на Авалон продукција, „Skopje Sounds Good“ и „Skopje Calling“ коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, сепак ќе се одржат.

“Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот. Поради тоа, заедно со нашите спонзори – стратешки партнери, одлучивме двата фестивала коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој момент”, велат од Авалон продукција.

Па така, „Skopje Sounds Good“, со скоро непроменет line up ќе се одржи на 29-ти октомври, со настапи на „Buč Kesidi“, „Nipplepeople“ и „Funk Shui“, а утредента на 30-ти октомври ќе се одржи македонско издание на „Skopje Calling“ исклучиво со домашни диџеи и тоа: Galoski, Cyrillic, Chris J и Jana Slayy. Со вакво одржување на „Skopje Calling“ не само што ќе имаме можност за добра забава, туку им се дава шанса и на македонските артисти да настапуваат под овој сериозен фестивалски бренд.

Влезниците се веќе пуштени во продажба од 7-ми октомври, во строго ограничен број. И двата фестивали ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување на јавни настани.

Можеби ќе ве интересира: