“Скопски солисти” вечерва со концерт во Македонската опера и балет

“Од класика до евергрин” е насловот на концертот на камерниот оркестар “Скопски солисти” што ќе се одржи вечерва во МОБ. Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник.

Ансамблот “Скопски солисти” е формиран во 2000 година од обоистот Васил Атанасов, кој е и негов уметнички раководител. Членови се афирмирани македонски уметници, како и млади, талентирани музичари. Ансамблот презентира камерна музика – од барок до современа, почитувајќи го и македонското музичко творештво. Концерт започнува во 20.30 часот.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.