Фестивали

“Скопско лето” со Кафе Кино и интересни филмски наслови

По отворањето на Кафе Киното кое вечерва со проекција на филмот “Викенд со тато” ќе го стартува всушност летното кино во рамките на “Скопско лето”, утре вечер во летното кино „Мирно лето” на Кинотека на Македонија ќе има проекција на шпанската комедија “Збогум морони” со почеток од 20.30 часот.

Во недела 11-ти јули продолжува програмата на Кафе Кино со чешката историска драма филмот „Шарлатан” од минатата 2020-та година. И овој филм, исто како и претходните два, ќе биде прикажан во летното кино „Мирно лето” на Кинотека на Македонија со почеток во 20:30 часот.

Влезот ќе биде регулиран со билети по цена од 100 денари коишто ќе може да се купат на билетара на Кинотека на Македонија, а настанот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.

Можеби ќе ве интересира: