Фестивали

Славниот американски рапер ќе настапува на Евровизија за Сан Марино

Државата Сан Марино годинава на Евровизија ќе ја претставува пејачот Сенхит (41), а во изведбата на песната „Адреналин“ ќе ѝ се придружи популарниот рапер Фло Рида (41), чии хитови се песни како „Whistle“, „Good Feeling“ и „Right Round“.

Фло Рида се појавува и во официјалниот спот на евровизискио јутјуб-канал, а луѓето потоа почнаа да се прашуваат дали раперот ќе запее заедно со Сенхит и на евровизиската сцена. Сенхит беше наведена на веб-страницата на Евровизија како соло изведувач, но сега откри дека, сепак, има шанси да не настапи сама.

“Доколку околностите го дозволат тоа, секако дека Фло Рида ќе биде на евровизиската сцена. Му се јавив ја слушна песната, му се допадна и сакаше да учествува, па затоа го поканив да дојде на Евровизија да го претставува Сан Марино”, изјавила таа за „Евровизија планет“.

“Најважно е песната да ве придвижи, да ве охрабри да танцувате и ослободувате адреналин, со или без Фло Рида”, додала таа.

Можеби ќе ве интересира: