Со концерт на Андријана Јаневска започнува фестивалот “Македонско културно лето 2020” (Фото)

Со концерт на Андријана Јаневска, во пандемиски услови, почитувајќи ги мерките и препораките од надлежните, почнува 13-то издание на фестивалот “Македонско културно лето” во Пустец, Преспа, Р. Албанија. Фестивалот ќе трае до 7-ми август.

Фестивалските настани со почеток во 19 часот ќе се одржат на плоштадот “Гоце Делчев” во Пустец, а организатор на фестивалот е Здружение на Македонците по потекло од Албанија “Сонце” – Скопје, чиј директор е Едмонд Сотир.

“Покрај негативните последици од Ковид-19 имаме уште една позитивна вест, станува збор за МКЦ (Македонски Културен Центар), за кој веруваме дека за наредната 2021 ќе стигнеме да го отвориме во Преспа, Р. Албанија”, стои во соопштението од Здружението на Македонците по потекло од Албанија “Сонце” – Скопје.

Фестивалот “Македонско културно лето” годинава е поддржан од Министерство за култура, градоначалникот на Град Скопје, градоначалникот на Општина Пустец како и голем број на компании од Република Македонија.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.