Со концерт на „Архангел“ ќе се отвори 22-то издание на „Таксират“

Највлијателнатa фигурa во културниот живот на нашите простори, со уметничко влијание поголемо од било која жанровска дефиниција – „Архангел“, ќе настапи на 22-то издание на „Таксират“. Одтаму велат дека првиот од низата концерти, со кој ќе се одбележи 22-то издание на „Таксират“, ќе се одржи на 11-ти октомври 2020-та година во СЦ “Борис Трајковски”.

„Архангел“ е дел од најзначајните македонски остварувања на сите времиња и претставува темелник на домашната урбана музика. Групата во својата кариера издава четири албуми: „Архангел 1 и 2“, „Heart Core“ и „Небесна машина“, преку кои стекнува култен статус како една од најголемите и најквалитетните македонски рок групи. Во текот на годините, „Архангел“ се здобива со бројни награди, меѓу кои награда за најдобар албум, најдобар концерт, песна на годината, најдобар текстописец, најдобар спот, како и награда за трајни музички вредности.

Билетите се достапни во продажба онлајн и во продажната мрежа на MkTickets. Капацитетот на просторот и билетите се ограничени, а сите билети за концертот се исклучиво за седење. Почеток на концертот е во 20 часот, а вратите се отвораат во 19 часот. Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со цел запазување на мерките за заштита од коронавирусот. Носењето на маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот настан.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com