Фестивали

Со концерт на на Liberquatro Tango ансамбал отворен Фестивалот на музика од светот (Фото)

Со концертот на Liberquatro Tango ансамбал од Србија, вчера вечер во Битола започна Фестивалот на музика од светот. Тие изведуваа танго и џез комбинирани во мелодиски и ритмички обрасци на танго со хармонија и импровизација на џез. Овој нов пристап на тангото и џезот се фаворизира ширум светот како world music. Категорија на која е посветен и овој наш убав фестивал. Фестивалот го организира Центарот за култура – Битола а ќе трае до недела.

Не можам да се согласам со зборовите дека јас сум најзаслужна за одржување на Фестивалот за време на корона, затоа што ова е место каде сите заедно, јас и Вие, постојано ја спасуваме културата во изминатите две години. Ако некогаш 150 луѓе во сала беше пораз, денес во оваа тешка реалност која сите ја живееме, е победа. Затоа сакам да Ви се заблагодарам на сите кои вечерва сте тука, а ќе бидете тука и целиот викенд, заедно да го прославиме фестивалот „Музика од светот“. Ние вечерва сме малку, пребројани, љубители на мизуката, но само така можеме да го спасиме светот, а тоа е мојата благодарност за сите Вас, рече директората на центар за култура, Маја андоновска – илијевски.

Вечерва на програмата е концерт на Биља Крстиќ со Битолскиот камерен оркестар, а фестивалот ќе се затвори во недела со концерт на Битолскиот дувачки оркестар и повеќе солисти ќе изведат македонски евергрини. Тие се: Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Зарина Прва Севда, Тамара Стојковска и Нико Ѓоргиевски.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....