Фестивали

Со песната “Во име на љубовта” отпеана од Тамара, Врчак и Адријан Гаџа, Македонија учествуваше на Евровизија 2008

Македонската радио-телевизија отвори конкурс за избор на песни кон крајот на 2007 и го затвори пред нова година. 130 песни беа поднесени, од кои 15 беа одбрани од комисија, која меѓу другите се состоеше и од претходни евровизиски претставници.

Како дополнување, МТВ предложи 6 песни од добро познати композитори, сепак овие песни беа изоставени од натпреварот со интерна одлука. Скопје Фест 2008 се одржа во Метрополис Арена каде настапија 15 песни. Победникот беше одбран со телефонско гласање (50%) и експертско жири (50%). Селекцијата беше пренесувана преку кабелска и сателитска телевизија. На Евровизија, Македонија настапи во второто полуфинале на 22 мај 2008, и иако заврши 10-та, не успеа да се квалификува во финалето, бидејќи таа година десеттиот што ќе оди во финале се избираше со поени од жири комисија, и тоа место ѝ припадна на Шведска.

“Во име на љубовта” е песна во изведба на Тамара Тодевска, Адријан Гаџа и Врчак со која настапиле на Скопскиот фестивал 2008. Песната победила, освојувајќи ги најголемиот број гласови од “телевоутингот“ и на 7-членото стручно жири. На 22 мај 2008 година, англиската верзија (“Let me love You”) ја претставувала Македонија на евровизискиот натпревар во Белград, Србија. Таа била изведена под реден број 18, но не освоила доволно поени за да продолжи во завршна фаза на натпреварот. Со гласовите од телевоутингот се пласирала на 10 место, но жирито избрало Шведска да учествува во финалето.

Песната била снимена и на руски јазик (под наслов “Во Имя Любви”), на српски (наслов “Тебе Волим”), турски (наслов “Yoksun”) и на албански јазик (под наслов “Dashuri Mistike”). За сите верзии на песната биле изготвени видео спотови.

На натпреварот, триото настапило со кореографска придружба. Кореографијата ја подготвил Адријан Гаџа, со помош од познат германски кореограф.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: