Вечерва во Србија се одржа големото финале на “Беовизија 2023”, чии победник ќе ја претставува земјата на Евровизија, во мај во Велика Британија, Ливерпул. По преслушување на 16-те композиции, србите по пат на смс и стручно жири одлучија, на Евровизија 2023 ќе ги претставува младиот, екцентричен Luke Black со песната “Само ми се спава” кој од прва не можеше да верува дека токму тој и неговата песна победуваат и дека ќе ја претставуваат Србија на евровизиската сцена.
Наградата му ја додели Констракта, минатогодишната победничка и претставничка на Србија на Евровизија 2022 година.
Водители на овогодишното издание на Изборот за песна за Евровизија беа познатиот глумец Милан Мариќ, а негова партнерка на сцената беше Драгана Косјерина. Додека пак водители од “зелената соба” и оние кои што разговараа со натпреварувачите беа Кристина Раденовиќ и Стефан Поповиќ.
Сите собрани финансиски средства од гласањето преку смс пораки од полуфиналните и вечерашната финална вечер ќе бидат дадени во хуманитарни цели.
Во продолжение, погледнете го настапот на победничката песна која всушност и ќе ја претставува Србија на Евровизија 2023 во Ливерпул, Велика Британија: