Србинка ќе ја претставува Франција на Евровизија (Видео)

Пејачката Барбара Пјевиќ оваа година ќе ја претставува Франција на Евровизија, а она што е интересно е дека франуцскиот претставник е всушност од Србија. Имено нејзиниот дедо е роден во Србија и сеуште зборува со српски акцент.

Нејзината песна „Voilà“ во моментов е третиот фаворит за победа. Нејзината песна ја носи пораката за самоафирмација и како да се сакате себе си со сите ваши грешки и успеси.

Барбара е родена 1993-та година во Париз. Нејзиното семејство се состои првенствено од уметници и музичари. Нејзиниот дедо по татко е Србин, додека нејзината мајка е половина Иранка. Роденото име на Прави е Барбара Пјевиќ, а уметничкото име Барбара Прави доаѓа од српскиот збор права, како почит кон српскиот дедо.

“Дедо ми се пресели во Франција кога имаше 22 години, еднаш го посетивме Белград и се надевам дека повторно ќе дојдеме кога ќе заврши пандемијата. Тој е горд на мене и ние сме многу блиски, многу се сакаме. Тој ми го даде и уметничкото име Прави. Кога барав уметничко име, тој ми рече: „твоето име треба да биде Прави“. Затоа што е автентично на српски јазик. Тоа навистина ми се допадна”, изјави Барбара.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com