Српскиот претставник на „Евровизија“ повеќе нема да се бира на „Беовизија“

Раководството на РТС, српскиот национален радиодифузер, ја прекина соработката со „Мегатон“ – продуцентска компанија која ја поседува лиценцата на „Беовизија“. Поради ова, РТС повеќе не може да го користи овој фестивал за да го избере својот претставник за „Евровизија“, но тие планираат сосема нов интерен фестивал, кој засега има работен наслов „РТС натпревар за Евровизија“. Сепак „Беовизија ќе се одржи на еден од српските комерцијални ТВ канали.

Кога фестивалот беше создаден во 2003 година, РТС немаше право да испрати претставник на „Евровизија“, кој исто така е приватен фестивал, само на европско ниво. Првиот победник на „Беовизија“ беше Тоше Проески, а потоа РТС дејствуваше само како радиодифузер. Кога ЕБУ дозволи РТС да испрати свој претставник на „Евровизија“, продукцијата „Мегатон“ ја предаде лиценцата на РТС со плаќање. Од тогаш, РТС има задача да ги избере учесниците и членовите на жирито, а ние даа направивме само извршна продукција. Така беше многу години и „Беовизија“ секогаш беше прекрасен фестивал. По пристигнувањето на Оливера Ковачевиќ на позицијата шеф на забавната програма во РТС, започнаа проблемите со поправање на листата на учесници и однапред бирање на победниците на „Беовизија“. – изјави Саша Мирковиќ од „Мегатон“.

Дополнително, „Мегатон“ започна повик за песни за „Беовизија“, со исти рокови како и фестивалот на РТС за избор на учесници на Евровизија. Поднесувањето завршува на 1-ви декември а фестивалот ќе се одржи во февруари 2022 година, на комерцијален ТВ канал. Победникот на фестивалот ќе добие 50.000 евра, второпласираниот 30.000, додека третопласираниот ќе добие награда од 20.000 евра.

РТС потврди дека веќе добиле над 100 пријави за нивниот фестивал следната година. Оливера Ковачевиќ потврди дека немаат фиксен број на пријави што сакаат да ги вклучат на овој фестивал, но дека ќе одат со сите пријави што жири-комисијата за избор ќе ги класифицира како квалитетна музика. Поради ова, фестивалот на РТС може да заврши со повеќе од две полуфиналиња, пред последната вечер.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com