Фестивали

Странските фанови избираат најдобра евровизиска песна од државите од поранешна Југославија, еве која убедливо води

Wiwiblogs, најпознатиот сајт кој се занимава со Евровизија, објави анкета во која странските фанови на оваа манифестација избираат најдобра песна на овогодишниот натпревар од подрачјето на поранешна Југославија.

Хрватката Албина Грчиќ убедливо води во оваа анкета, а својот глас досега го дале 52,7 отсто од читателите, односно 1356 лица.

Втора најдобра песна, според анкетата е Србија која собрала 28,29 отсто од гласовите. Србија оваа година ја претставува групата „Hurricane“ со песната „Loco Loco“.

Трета на анкетата е Словенката Ана Соклиќ со песната „Amen“ која собрала 13,76 отсто од гласовите,

Васил Гарванлиев, кој со песната „Here I Stand“ има 5,25 отсто од гласовите и,е на последно место

Според обложувалниците, хрватската претставничка моментално е 19-ти фаворит.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: